
Последните натпревари од осмото коло во Првата фудбалска лига на Македонија се играат денеска. Башкими на домашен терен го пречекува Вардар, во дуел кој е оценет како натпревар со висок ризик. Од клубот уверуваат дека гостите ќе имаат ист пречек како и сите останати екипи кои играле на стадионот во Куманово.
Марко Симоновски верува дека домашниот терен и поддршката од публиката ќе бидат дополнителен мотив за постигнување позитивен резултат против Вардар.
„Пред сè, се надевам на добар и квалитетен натпревар. Играме на домашен терен, што ќе ни даде дополнителен мотив за позитивен резултат пред нашата публика“, изјави Симоновски.
Тој смета дека екипата на Башкими има доволен квалитет да му се спротивстави на фаворизираниот противник.
„Покажавме дека имаме квалитет да бидеме во горниот дел од табелата, со млади играчи кои се желни за успех. Вардар е добра екипа со квалитетни поединци, а тоа за нас е само дополнителен мотив“, додаде напаѓачот на Башкими.
Натпреварот Башкими – Вардар ќе се одигра на стадионот во Куманово, со почеток во 15:00 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal
