Connect with us

Симеоне: Имавме тежок старт на сезоната, но против Реал бевме речиси перфектни

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не го криеше задоволството по убедливата победа од 5-2 против градскиот ривал Реал Мадрид. Тој нагласи дека иако сезоната започнала со одредени тешкотии, тимот сега функционира многу подобро и резултатите се видливи.

„Реал е еден од најдобрите клубови на светот и уште од првиот свиреж знаевме како да им зададеме проблеми. Нико Гонзалес, Џулијано Симеоне, Пабло Бариос и Хулијан Алварес одлично ја отвораа играта по крилата, извлекувајќи ги стоперите и оставајќи простор за Сорлот во казнениот простор да создава опасности. Освен двата примени гола, одигравме вистински силен меч“, изјави Симеоне.

Аргентинецот додаде дека во тимот владеат многу емоции и посочи дека големиот труд на луѓето во клубот понекогаш останува во сенка, но дека сега заедничката работа дава резултати.

„Јасно ги утврдивме слабостите по мечот со Ливерпул, работевме на нив и сега навистина изгледавме одлично на теренот“, заврши стратегот на Атлетико.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови