Connect with us

Цаке: Нема да нѐ залаже лошата форма на Силекс, одиме на победа

Актуелниот првак Шкендија засега добро се носи во овој згуснат распоред. Играше првенствен меч против Тиквеш кој го реши во своја корист, потоа заостанатиот натпревар од 4. коло против Работнички каде исто така запиша победа, а идната недела го очекува и првиот дуел во групната фаза во Лигата на Конференции против Рајо Ваљекано.

Шампионот денеска го очекува меч од осмото коло во ПМФЛ против Силекс, кој минатата сезона заврши на вицешампионската позиција. Амбициите на Шкендија се одбрана на првото место во оваа сезона, и освојување на нова титула во првенството. Такви се и очекувањата и од таборот на тетовската екипа.

Што се однесува до мечот со Силекс, најавуваат дека ќе го дадат максимумот, и дека нема да ги залаже двата порази по ред на противникот.

„Ова ќе биде дерби натпревар меѓу два тима кои како минатата, така и оваа сезона најавуваат борба за врвот. Дефинитивно не криеме дека имаме цел да ја одбраниме титулата, а тоа можеме да го оствариме само со континуитет на добри резултати. После одличниот почеток, Силекс во последните две кола има пад во формата. Меѓутоа двата порази по ред нема да нѐ залажат. Треба максимално сериозно и концентрирано да му пристапиме на овој меч, со почит кон противникот, но и верба во сопствените квалитети. Со помош на поддршката и од нашите навивачи, верувам во добра фудбалска партија и наша победа“, изјави Клисман Цаке, дефанзивецот на тетовска Шкендија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови