Connect with us

Чаби Алонсо: Загубивме заслужено и судиите воопшто не се виновни

Реал Мадрид претрпе убедлив пораз од 5-2 во дербито против Атлетико Мадрид, прв под водство на Чаби Алонсо. По натпреварот, тренерот призна дека тимот не настапил на потребното ниво и дека проектот што го гради сѐ уште е во развојна фаза.

„Одигравме слаб натпревар, не бевме добри ниту колективно, ниту индивидуално. Не бевме на висина ниту со топка, ниту без неа. Ова е нашиот прв пораз сезонава, но ќе продолжиме понатаму. Нема оправдувања, поразот беше заслужен. Ова е дерби и навистина боли да се загуби на овој начин“, изјави Алонсо.

Тој нагласи дека главниот проблем бил недостатокот на интензитет и концентрација во текот на дербито.

„Не се натпреварувавме на нивото што го бара ваков меч. Во дуелите бевме пасивни, со топка не наоѓавме решенија, а играта не течеше. Атлетико нè притискаше и не успеавме да реагираме.“

Алонсо потенцираше дека вината е целосно кај тимот и дека судиските одлуки не влијаеле на исходот.


„Ова нема врска со судиите. Поразот беше заслужен.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови