
Мадрид денеска ќе биде во знакот на големото дерби – Атлетико против Реал. Стадионот „Ер Метрополитано“ ќе биде арената на седмото коло во Ла Лига, а натпреварот започнува во 16:15 часот. Се очекува спектакл што може да ја одбележи раната фаза од сезоната.
Реал Мадрид влегува во дуелот како апсолутен фаворит – со максимални 18 бода од шест натпревари и гол-разлика 14-3. „Кралевите“ изгледаат моќно и сигурно газат кон врвот. Атлетико, пак, го дочекува дербито од осмата позиција со 9 освоени бода – биланс од две победи, три нерешени и еден пораз.
Тимот на Диего Симеоне оваа сезона се мачи со константност, но минатата недела покажа знаци на будење со драматична победа над Рајо Ваљекано (3-2), каде што Хулиан Алварез блесна со хет-трик. Сепак, претходно ремизираа со Мајорка (1-1), а во Лигата на шампионите паднаа во самиот финиш против Ливерпул (2-3).
Реал, напротив, е во налет – пет победи по ред во сите конкуренции. Тимот на Чаби Алонсо славеше убедливо против Леванте (1-4), беше поуспешен од Еспањол (2-0), а во ЛШ го совлада Марсеј (2-1). Победите над Реал Сосиедад (2-1) и Мајорка (2-1) дополнително ја потврдуваат стабилната форма.
Сè е подготвено за спектакл – прашањето е дали Атлетико ќе успее да го сопре незапирливиот Реал или „кралскиот клуб“ ќе продолжи со перфектниот поход.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Вест Хем се раздели со менаџерот Грем Потер

Евро-фудбал
Тотенхем сака да го откупи Палиња
