Connect with us

Уште поголем малер за Барселона: Жоан Гарсија мора на операција

Голманот на Барселона, Жоан Гарсија, ќе паузира помеѓу четири и шест недели и ќе мора да се подложи на артроскопска операција, која е закажана за утре. Повредата на медијалниот менискус на левото колено е сериозна и предизвикува големи грижи за тренерот Ханси Флик.

Гарсија веднаш се наметна како прв избор на Флик по трансферот од Еспањол, оставајќи ги зад себе Војчех Шчешни и Марк-Андре тер Штеген. Сепак, сега го очекува операција и подолга пауза.

Инаку, претходно беше потврдено дека Бразилецот Рафиња ќе биде надвор од терените околу три недели поради повреда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови