Ливерпул ќе се обиде да го активира посебното „итно“ правило на УЕФА пред натпреварот од Лигата на шампионите против Галатасарај.
Клубот претходно овој месец го пријави списокот од 22 играчи на кои смета за првиот дел од Лигата на шампионите. Во првото коло, „црвените“ го пречекаа Атлетико Мадрид на „Енфилд“ и забележаа победа од 3-2.
УЕФА на почетокот на сезоната 2025/26 воведе правило кое дозволува промена на играч од списокот доколку се повреди или боледува долго време, а правилото важи до шестото коло во декември. Ливерпул сега сака да го активира ова правило откако нивниот стопер Џовани Леони доживеа тешка повреда и ќе паузира околу една година, потврди менаџерот Арне Слот.
Како замена на Леони на списокот за ЛШ, клубот ќе се обиде да го вклучи Федерико Киеза, кој претходно не беше пријавен како дел од првите 22 играчи.
„Не сум сигурен како точно функционира процесот, но имаме луѓе кои работат на тоа. Според информациите што ги имам, мислам дека ќе можеме да го замениме играчот“, изјави Слот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













