
Атлетико Мадрид ќе биде без двајца од своите клучни играчи од средниот ред за саботното дерби со Реал Мадрид. „Лос Рохибланкос“ се во добро расположение по драматичната победа над Рајо Валјекано (3-2), но подготовките за второто градско дерби во неделата се во тек.
Диего Симеоне, сепак, нема да може да смета на Џони Кардосо и на Тијаго Алмада.
Отсуството на Кардосо во голема мера беше очекувано, бидејќи според информациите тој нема да се врати пред репрезентативната пауза во октомври. Имаше надеж дека Алмада ќе биде подготвен навреме, но Педро Фулана од „Кадена СЕР“ потврди дека двајцата ќе го пропуштат дербито овој викенд.
Во составот нема да бидат ниту Хосе Марија Хименес и Алекс Баена. Отсуството на Хименес не е изненадување, затоа што тој се опоравува од мускулна повреда и постепено ќе биде враќан во тимот. Позитивни вести доаѓаат од Баена, кој беше на клупата против Рајо и можно е да добие минути против Реал. Летното засилување се опоравува од операција на слепо црево.
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, исто така има дилема дали да го врати Џуд Белингем во почетниот состав, откако му даде околу половина час како резервист против Еспањол и Леванте. „Лос Бланкос“ ќе бидат без Антонио Рудигер и Трент Александер-Арнолд, кои се опоравуваат од подолготрајни мускулни проблеми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Оливие Жиру постави нов рекорд во Лига Европа

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
