Connect with us

Барса прими спектакуларен гол, но потоа му даде три на Овиедо за едно полувреме (ВИДЕО)

Барселона успеа да направи пресврт и на крајот славеше со 1-3 на гостувањето кај Овиедо во шестото коло од првенството, иако домаќините поведоа во првото полувреме.

Овиедо започна одлично и дојде до водство со голот на Алберто Реина, кој од повеќе од 30 метри погоди користејќи ја грешката на истрчаниот Жоан Гарсија. Домашниот тим имаше уште две опасни шанси до крајот на полувремето, но Барселона веднаш ја презеде контролата по паузата.

Гостите од Каталонија доминираа во второто полувреме, држејќи ја топката 79% од времето и упатувајќи десет удари кон голот на Овиедо. Ерик Гарсија го израмни резултатот во 56. минута, а Роберт Левандовски, влегувајќи како замена, донесе пресврт со голот за 1-2 во 70. минута.

Овиедо имаше уште една шанса за ново израмнување, но топката не заврши во мрежата. Третиот погодок за Барселона го постигна Роналд Араухо во 89. минута, со што стави точка на натпреварот и триумф од 1-3 за Каталонците. Со оваа победа, Барселона се искачи на втората позиција на табелата, два бода зад непоразениот Реал Мадрид.

Во меѓувреме, Осасуна и Елче го одиграа својот дуел, кој заврши реми 1-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови