
Англискиот првак Ливерпул го насочи погледот кон младиот стопер на Валенсија, Сесар Тарега (23), кого го гледаат како долгорочен наследник на Вирџил ван Дајк, пренесува „Фичајес“.
Капитенот на „црвените“ и понатаму е столб во одбраната, а со неодамнешниот погодок во финишот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите уште еднаш ја потврди својата лидерска улога. Ван Дајк го продолжи договорот за уште две сезони, но на неговиот истек ќе има веќе 36 години. Иако неговата игра не зависи премногу од брзината, на „Енфилд“ веќе размислуваат за иднината без него.
Сесар Тарега, во Шпанија често нарекуван „наследникот на Ван Дајк“, има договор со Валенсија до 2030 година, што му дава силна преговарачка позиција на клубот. Очекувањата се „лилјаците“ да бараат најмалку 50 милиони евра за својот дефанзивец, особено по заминувањето на Кристијан Москера во Арсенал.
Интерес за Тарега покажуваат и Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, но информациите велат дека токму Ливерпул е најупорен и го гледа Шпанецот како главна трансферна цел за летото 2026.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Тотенхем во јануари го купува Џулијан Брандт

Млади репрезентации
Македонија У-15 славеше победа против Косово во Приштина

Втора лига
Филип Мирчески е нов тренер на Победа
