Connect with us

Винисиус: Модриќ ме научи да постигнувам голови на таков начин

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, постигна прекрасен гол во победата од 1-4 над Леванте, истакнувајќи дека доскорешниот соиграч Лука Модриќ го научил како да изведува вакви удари.

„Модриќ ме научи да стрелам вака, многу ни недостасува. Овој тип удари ми одат од рака и се надевам дека ќе продолжам да постигнувам такви голови. Ова е еден од моите најубави голови и мислам дека претходно не сум постигнал сличен“, изјави Винисиус за клупската телевизија на Реал Мадрид.

Тој додаде дека тимската работа, одбраната и сплотеноста се клучни за успехот.


„Од почетокот на натпреварот се справивме добро со пресингот и поседот на топката. Ако продолжиме вака, можеме да триумфираме на крајот на сезоната“, порача Бразилецот.

За претстојното дерби со Атлетико Мадрид, Винисиус рече:


„Многу сме возбудени, но сега треба да одмориме и да уживаме во победата. Победивме на сите досегашни натпревари и сакаме така да продолжиме за да ја зголемиме самодовербата и да освојуваме трофеи, што е најважно.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови