Баерн Минхен се обидел да го привлече Ламин Јамал уште пред да блесне со полна сила на големата фудбалска сцена.
Во февруари 2022 година, спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, и техничкиот директор Марко Непе отпатувале за Мадрид на состанок со тогашниот агент на Јамал, Иван де ла Пења. Првичната цел бил разговор за можен трансфер на Гави, кој исто така беше клиент на поранешниот шпански репрезентативец.
Изненадувачки, за време на разговорот претставниците на Баерн го насочиле вниманието кон 14-годишниот Ламин Јамал, кој веќе тогаш тренирал со првиот тим на Барселона. Челниците на баварскиот гигант биле толку импресионирани од видео-компилација со неговите настапи, што веднаш посакале да се запознаат со семејството на играчот и да постават темели за можен трансфер.
Во тој период Баерн успеа да го привлече друг млад играч на Барса, дефанзивецот Адам Азну. Но, неколку месеци подоцна Де ла Пења го информирал Салихамиџиќ дека интересите на Јамал веќе ги застапува Жорге Мендеш. Португалецот му кажал на спортскиот директор на Баерн дека трансфер на младото крило е можен за околу 5 милиони евра. Во Минхен сметале дека е ризично да вложат толкава сума во играч кој сè уште нема одиграно ниту една минута професионален фудбал.
Вака прашањето било одложено за летото 2023 година, кога Јамал наполни 16 години. Веќе во април истата година крилниот напаѓач дебитираше за Барселона на 15-годишна возраст, а во октомври потпиша тригодишен договор со со откупна клаузула од 1 милијарда евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













