Connect with us

Симеоне: Се наоѓаме во тежок период и не треба да го криеме тоа

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, беше гостин во емисијата „El Partidazo de Cope“ и опширно зборуваше за повеќе теми – слабата форма на стартот од сезоната, конкуренцијата со Реал Мадрид и Барселона и своите шампионски амбиции.

„Се наоѓаме во тежок период, низ каков што минува секој тим во текот на сезоната. Сега тоа се случува кај нас и не смееме да се криеме. Минатата година бевме 10 поени зад Барселона, но во декември водевме на табелата. Во моментов имаме малку поени и ја прифаќаме критиката – таа е оправдана, бидејќи не освоивме колку што можеме. Најважно е да го најдеме нашето вообичаено ниво и да се подобриме.

Изгледа како сè да е лошо, но според мене тоа не е така. Не сакам да барам изговори – освоивме само два од можни девет поени, и тоа е реалноста. Живеам за поените и би сакал да играм полошо, но да собирам бодови. Сега не играме толку лошо, но имаме премалку поени“, изјави Диего Симеоне.

Тој вели дека Атлетико Мадрид не се откажува и од трката за титулата, иако во овој момент тоа не изгледа достижно.

„Секогаш имаме очекувања за титула. Но во овој момент тоа не е добро за луѓето во Атлетико, бидејќи мора да бидеме концентрирани на развојот на тимот. Се разбира дека сакам да освојувам трофеи. Сега најмногу ми се допаѓа Барселона – напаѓаат добро, имаат вертикалност, крилата им се важни. Тоа е голем тим и играат како таков. Најдобрите тренери сме ние што ја вадиме најдобрата верзија од секој фудбалер. Како би играле тие во Барселона со мене? Јас не сум таму, а и ние не играме толку лошо. Најдоброто за тим како нашиот е да ги искористиме карактеристиките на нашите играчи. Дали сум дефанзивен тренер? Јас едноставно се сметам за тренер. Темата дали сум дефанзивен е здодевна. На што се темели тоа? Еден тим може да се брани со топката 80 минути и да нападне трипати. Дали тоа е офанзивно или дефанзивно? Реал Мадрид е различен од Барселона, но исто така победува. Да, скршен сум од овој старт на сезоната. Јас сум човек, имам чувства и емоции, и ме боли. Одговорноста станува сè поголема и ја чувствувам огромната доверба на луѓето во нас. Овој период е тежок за нас“, заклучи тренерот на Атлетико Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови