Connect with us

Лукаку ќе паузира подолго од предвиденото: Белгиецот се враќа дури после Нова година

Белгиецот Ромелу Лукаку се здоби со повреда за време на подготовките пред почетокот на сезоната, откако сериозно го повреди мускулот на пријателскиот натпревар против Олимпијакос.

Првично се мислеше дека ќе паузира до декември, но ситуацијата е многу посериозна.

Тој е на терапии во Белгија и ќе се врати дури по Нова година.

„Мораме да појасниме дека станува збор за многу сериозна повреда на ректус феморисот. Постоеја две опции – операција или конзервативен третман. Бидејќи времето за опоравување е слично, се одлучивме за конзервативен пристап, што и играчот го прифати – изјави докторот на Наполи и продолжи:

„Во постојан контакт сум со неговите терапевти, а за две недели нашиот специјалист ќе отпатува во Белгија за лично да го следи напредокот. Сè е под контрола.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови