Најдобриот дански фудбалер и до неодамна првотимец на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен, најверојатно нема долго да чека за нов клуб, бидејќи е блиску до трансфер во редовите на Волфсбург, пренесува „Скај спорт“.
Ериксен важеше за едно од ретките звучни имиња кои го дочекаа крајот на летниот преоден рок без клуб, но не помина многу време пред да стане јасно каде искусниот играч за врска ќе ја продолжи својата кариера.
Како што се наведува, Волфсбург и Ериксен се блиску до договор за соработка, а многу скоро се очекува поранешниот фудбалер на Ајакс, Тотенхем, Интер, Брентфорд и Јунајтед да пристигне на лекарски прегледи со цел да го комплетира трансферот во Долна Саксонија.
Доколку сè помине според планот, Ериксен ќе го облече дресот на клубот кој во сезоната 2008/09 стана шампион на Германија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













