Напаѓачот на Челси, Лијам Делап, ќе остане подолго време надвор од терените поради повредата што ја здоби при победата над Фулам.
Првичните проценки предвидуваа опоравување за 6–8 недели, но според најновите информации, Делап ќе се врати на тренинзи дури во ноември и ќе биде достапен непосредно пред интензивниот празничен период во Премиер – лигата. Така, неговиот престој надвор од теренот ќе трае околу десет недели, иако операција нема да биде потребна.
Делап пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Ипсвич за 35,5 милиони евра малку пред Светското клупско првенство и досега има девет настапи со еден гол и една асистенција. Поради неговата повреда, раководството на Челси првично одлучи да го стопира трансферот на Николас Џексон во Баерн Минхен. Сепак, зделката сепак беше реализирана, што го натера клубот предвреме да го врати Марк Гиу од позајмицата во Сандерленд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













