Британската аналитичка компанија за спорт „Опта“ објави интересни предвидувања за тимовите што ќе настапуваат во Лигата на шампионите.
Според нивните податоци, Ливерпул е клубот со најголеми шанси да го освои најпрестижниот европски клупски трофеј, со проценети шанси малку над 20%.
Веднаш зад „црвените“ се наоѓа лондонскиот Арсенал, кој во последните години е главен ривал на Ливерпул во Англија, со шансa од 16%. Третото место го зазема актуелниот европски првак Пари Сен Жермен со 12,1%.
За споредба, Атлетико Мадрид, Јувентус и Аталанта се проценети со само 0,6% шанса да ја освојат Лигата на шампионите оваа сезона.
„Опта“ е британска компанија специјализирана за спортска анализа, која обезбедува детални податоци и статистика од различни спортови ширум светот. Наместо само да ги објавува резултатите, „Опта“ собира, обработува и шири информации за секој момент од натпреварите, овозможувајќи целосна анализа на играта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













