Connect with us

Исак: Малку луѓе ја знаат вистината за мојот трансфер во Ливерпул

Новото засилување на Ливерпул, шведскиот напаѓач Александер Исак, за првпат јавно проговори за драматичниот трансфер на „Eнфилд“. Целото лето тој инсистираше да се приклучи на шампионот, што предизвика сериознa напнатост во Њукасл, а на крајот шведскиот интернационалец го потпиша договорот со „црвените“ во последниот ден на летниот трансфер рок.

„Не секој ја знае целата слика, но тоа е тема за друг разговор. Не можам да контролирам сè што се зборува или пишува. Но, среќен сум што станав играч на Ливерпул“, изјави Исак.

Тој додаде дека е задоволен што трансферот беше завршен пред националниот собир, што му овозможи повторно да се концентрира на фудбалот.


„Беше сосема нова ситуација за мене, но човек секогаш учи и се развива, психички и надвор од теренот.“

Поради повредата и тоа што не играл од почетокот на сезоната, Исак не е во оптимална форма. Во понеделникот вечер, тој одигра околу 20 минути во поразот на Шведска од Косово со 0-2 во светските квалификации.

Сега напаѓачот се враќа во Англија и ќе започне работа со менаџерот Арне Слот пред мечот од Премиер – лигата против Барнли во недела. Исак истакна дека Ливерпул не му наметнал ограничување на времето на терен.


„Играв 20 минути и се чувствував добро. Не, колку што знам, Ливерпул не ми го ограничил времето. Клубовите и националните тимови се во контакт, но тоа е нивна работа.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови