
Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез, доби дополнителна суспензија од три натпревари во МЛС – лигата поради инцидентот по финалето на Лига купот против Сиетл, одиграно на 31 август. Уругваецот, по поразот на својот тим со 3-0, влезе во расправија на теренот, а потоа плукна кон член на стручниот штаб на противникот.
Поради ова, Суарез ќе ги пропушти дуелите против Шарлот (13 септември), Сиетл (16 септември) и Ди-Си Јунајтед (20 септември).
Дисциплинската комисија на Лига купот претходно веќе го суспендираше напаѓачот на шест натпревари во идните изданија на тоа натпреварување.
Фудбалерот брзо се огласи на социјалните мрежи и јавно се извини:
„Тоа беше момент на голема фрустрација и тензии веднаш по завршувањето на натпреварот. Тоа не ја оправдува мојата реакција. Направив грешка и искрено се извинувам. Тоа не е слика што сакам да ја оставам пред моето семејство и клубот.“
Интер Мајами исто така се огласи, осудувајќи го однесувањето на своите играчи по финалето.
Казнет беше и Сиетл, членот на стручниот штаб, Стивен Ленхарт, останува без специјални акредитации до крајот на сезоната 2025, а клубот доби и дополнителна парична казна.
Освен Суарез, санкции во Лига купот добија и Серхио Бускетс (две средби) и Томас Авилес (три средби), но нивните казни не се однесуваат на МЛС и тие ќе му бидат на располагање на тимот уште на следниот натпревар против Шарлот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” агол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
