
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, според информациите од Островот, одбил три понуди од клубови од Саудиската професионална лига во текот на летото. Сите интереси доаѓале од тимови финансирани од јавниот Инвестициски фонд на Саудиска Арабија.
Првата понуда пристигнала од Ал-Хилал, кој бил подготвен да плати 100 милиони фунти на Јунајтед и да му понуди на Фернандеш договор вреден околу 200 милиони. Португалецот, сепак, јасно ставил до знаење дека сака да остане на „Олд Трафорд“ и да биде дел од обновата на тимот.
Потоа се појавил интерес и од Ал-Наср, клубот каде што настапува Кристијано Роналдо, но одговорот повторно бил негативен.
На самиот крај на летниот трансфер период во Европа, Ал-Итихад се обиде да го донесе Фернандеш, но плановите им се искомпликуваа бидејќи клубот веќе ја имаше пополнето квотата за странски фудбалери. За да го реализира трансферот, тимот најпрво требаше да се раздели со еден од своите легионери.
Иако трансфер пазарот во Саудиска Арабија останува отворен до 10 септември, Бруно Фернандеш јасно покажал дека неговата желба е да продолжи да го носи дресот на Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Евро-фудбал
Луис Суарез доби девет меча суспензија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
