Connect with us

Работнички ќе игра против ирскиот Шелбурн во младинската Лига на шампиони

Младинскиот тим на Работнички, кој лани ја освои шампионската титула во својата генерација, ќе игра против Шелбурн, шампионот на Ирска, во првото коло од младинската Лига на шампиони. Вака одреди денешниот ждреб во УЕФА.

Првите мечеви се закажани за 17. септември, а домаќин ќе биде Шелбурн. Реваншите се на програмата на 1.октомври, кога „романтичарите“ ќе го пречекаат Шелбурн во Скопје.

Победникот од овој двомеч, во втората рунда би се сретнал со Жилина од Словачка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови