
Фудбалерите на Пари Сен Жермен со минимални 1-0 го совладаа Анже во воведниот натпревар од второто коло во француската Лига 1.
Актуелниот шампион на Франција не блескаше вечерва, далеку од тоа, но благодарение на погодокот на Фабијан Руиз во 50. минута стигна до очекуваните три бода.
Интересен момент се случи во првото полувреме, кога главниот судија Хаким Бен ел Хаџ поради здравствени проблеми мораше да биде заменет, па мечот го продолжи Микаел Лелу. Неговата прва одлука беше досудување пенал за ПСЖ во 27. минута, но Oсман Дембеле катастрофално шутираше од белата точка и целосно го промаши голот.
Гостите се бранеа колку што можеа, но одбраната им попушти во 50. минута. По остар центаршут по земја на Дуе, Белкдим лошо реагираше и му ја „намести“ топката на Фабијан Руиз, кој од свртување погоди за 1-0.
До крајот Анже не успеа сериозно да се закани, па тимот на Луис Енрике целосно заслужено стигна до триумф.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
