Connect with us

Четири гола на Медин Емини, Македонија У16 ја победи Црна Гора со 5-0

Македонската репрезентација до 16 години со убедливи 5-0 славеше против Црна Гора на вториот контролен натпревар одигран на „Билјанини извори“ во Охрид. Ова е втора победа за нашата младинска селекција против гостите од Црна Гора, на воведниот меч славеа со 3-0.

Медин Емини постигна четири гола на денешниот натпревар. Во 22. минута на асистенција од Адеми го даде првиот погодок. Предноста ја удвоивме на пет минути до полувреме со вториот погодок на Емини.

Во второто полувреме, нашиот напаѓач славеше хет-трик по само пет минути игра, а во 61. минута Емини го постигна и четвртиот погодок откако одзеде топка и шутираше во празната мрежа на гостинскиот голман.

Во 77. минута, Стефан Ристиќ го постигна својот втор гол во двомечот со црногорците за 5:0 по продорот на Крстевски. Во првиот состав на селекторот Исејни имаше многу промени во однос на првиот меч, но Македонија повторно беше доминантна и заслужено се радуваше на вториот триумф против Црна Гора.

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА 5:0 (2:0) 

Стадион: „Билјанини извори“, Охрид

Стрелци: 1:0 – Медин Емини 22`, 2:0 – Медин Емини 40`, 3:0 – Медин Емини 50`, 4:0 – Медин Емини 61`, 5:0 – Стефан Ристиќ 77`

Македонија до 16 години: 12. Илан Мемети, 2. Филип Ѓоргиоски (69` 15. Илија Аксентиев), 3. Михајло Павлов (79` 21. Далибор Марковиќ), 5. Матеја Масев (69` 6. Амар Акики), 7. Александар Полимац (61` 16. Рон Мемеди), 8. Дардан Адеми (69` 14. Огнен Јаков), 17. Огнен Сисевски, 19. Коста Ѓоргиевски (61` 11. Марин Крстевски), 20. Медин Емини (61` 9. Стефан Ристиќ) , 23. Благојче Седлоски (79` 13. Онур Чако), 24. Марио Стојчевски (79` 25. Ефе Раифи); Селектор: Иљами Исејни.

Црна гора до 16 години: 12. Огњен Урса, 14. Павле Јововиќ, 15. Дамјан Бесовиќ, 16. Лука Куч (75` 5. Андрија Нововиќ), 17. Амар Суљевиќ (46` 10. Урош Самаргиќ), 18. Милош Лаковиќ (67` 6. Лазар Грбовиќ), 19. Алден Бајрамовиќ (46` 9. Славко Конатар), 20. Лук Каљевиќ (46` 8. Данило Вуковиќ), 21. Филип Хорче (46` 4. Петар Марсениќ), 22. Лука Влаховиќ (67` 11. Никола Милачиќ), 23. Лазар Булатоивиќ; Селектор: Владан Савиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови