Поранешниот голем талент на српскиот фудбал, Адем Љајиќ, од денес и официјално е нов фудбалер на ФК Сараево. Ова е едно од најзвучните имиња што летово ќе настапува во Премиер лигата на Босна и Херцеговина, а трансферот е реализиран под диригентската палка на Крсте Велковски, новиот спортски директор на клубот и поранешен македонски репрезентативец.
Љајиќ доаѓа од редовите на Нови Пазар, но неговата кариера вклучува настапи за реномирани европски гиганти како Фиорентина, Рома и Интер. Во минатото важеше за еден од најперспективните фудбалери на Балканот.
„Благодарам на сите за укажаната чест. Сигурно со своето однесување на теренот и надвор од него ќе ѝ помогнам на екипата да оствари што подобар резултат. Среќен сум што ќе бидам дел од овој клуб и се надевам дека брзо ќе се видиме на Кошево“, изјави Љајиќ на денешната промоција.
Адем Љајиќ ќе им биде соиграч на Стефан Ристовски и на Агон Елези, а мисија на тимот на Сараево ќе биде освојување на шампионската титула.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













