Светскиот шампион од 1998 година и европски првак од 2000 година, Зинедин Зидан, ќе ја преземе француската фудбалска репрезентација по Светското првенство следната година. Тогаш се очекува Дидие Дешамп да го напушти селекторското кормило на „триколорите“.
56-годишниот Дешамп е селектор на „триколорите“ веќе 13 години. Под негово водство Франција одигра 166 натпревари, од кои победи на 106, одигра нерешено на 31 и загуби 29 пати.
Со Дешамп како селектор, Франција ја освои светската титула во 2018 година, Лигата на нации во 2022, а беше и вицешампион на Европското првенство во 2016 и на Светското првенство во 2022 година.
53-годишниот Зинедин Зидан последен пат беше тренер на Реал Мадрид, каде што работеше од 2016 до 2018 и од 2019 до 2021 година.
Како тренер на „кралскиот клуб“, Зидан освои три титули во Лигата на шампионите, две титули во Ла Лига и две во шпанскиот Суперкуп.
Во играчката кариера Зидан настапуваше за Кан и Бордо во Франција, Јувентус во Италија и за Реал Мадрид, со кој стана шампион на Шпанија во 2003 година и постигна победнички гол во финалето од Лигата на шампионите во 2002 против Баер Леверкузен.
За француската репрезентација одигра 108 натпревари, постигна 31 гол и запиша 29 асистенции. Тој е светски првак (1998), светски вицешампион (2006) и европски првак (2000).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













