
Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, одбил да дозволи клубот да ја извести Ла Лига за неговата повреда и операција. Според „Мундо Депортиво“, против него е покрената дисциплинска постапка. Правниот тим на каталонскиот клуб ја презема ситуацијата, а 33-годишниот германски голман најверојатно ќе се соочи со казна.
Постапката на Тер Штеген има директни последици за клубот. Ако се утврди дека повредата е сериозна и дека нема да закрепне во наредните пет месеци, клубот би можел 80% од неговата плата да ја пренамени на друг играч. Тер Штеген, секако, не сака да изгуби голем дел од својата заработка.
Ова е дел од договорот меѓу Барселона и Ла Лига, воведен по финансиските проблеми на клубот за време на пандемијата на коронавирусот. Оттогаш, Барселона може да троши само онолку колку што заработува и мора да ги одржува платите на играчите и вработените во зададените лимити.
Тешката и долготрајна повреда на Тер Штеген би овозможила регистрација на нов голман, 24-годишниот Жоан Гарсија. Слична ситуација се случи минатата сезона кога Барселона успеа да го регистрира Дани Олмо поради сериозната повреда на Андреас Кристенсен.
Од клубот го повикале Тер Штеген на разговор, но тој не се одѕвал. Односот помеѓу играчот и клубот е напнат, пишува „Мундо Депортиво“. Тер Штеген е дел од Барселона од 2014 година, со 422 настапи, а во својот период освои Лигата на шампионите и шест титули во шпанското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У-18 ремизираше (2-2) со Словачка

Евро-фудбал
Левандовски следното лето доаѓа во Милан?

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
