Connect with us

Пелистер ја засили офанзивата со Србинот Лука Булатовиќ

Македонскиот прволигаш Пелистер продолжува со засилувања за новата сезона. Петтото ново име во редовите на битолскиот тим е српскиот офанзивец Лука Булатовиќ, кој потпиша едногодишен договор.

Станува збор за 27-годишно десно крило. Булатовиќ доаѓа од словенечкиот второлигаш Горица, каде минатата сезона одигра 29 натпревари, постигна седум гола и забележа шест асистенции.

Кариерата ја започна во Раднички Сремска Митровица, а потоа настапуваше за неколку грчки клубови: АЕ Лефкимис, Амврак Лутру и Македоникос Неаполис. Во 2024 година премина во Горица, а сега пристигнува во Битола како дел од планот на Пелистер да создаде компетитивен тим за новата сезона.

„Булатовиќ успешно ги мина лекарските прегледи и веќе е на располагање на стручниот штаб. Се очекува да дебитира веќе оваа недела“, соопшти клубот.

Претходно, Пелистер ги ангажираше и Немања Здравковиќ, Стефан Спировски, Петар Ристиќ и Марјан Ристовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови