Connect with us

Баерн испрати подобрена понуда за Луис Дијаз, трансферот е блиску до реализација

Баерн Минхен е на чекор до постигнување договор со Ливерпул за трансфер на колумбискиот офанзивец Луис Дијаз. Според информациите од Германија, клубовите веќе ги финализираат последните детали, главно поврзани со бонусите.


Вкупната вредност на зделката, заедно со варијабилните надоместоци, ќе изнесува околу 75 милиони евра. Дијаз веќе ја изразил својата желба трансферот да се реализира.

Очекуваниот договор предвидува 28-годишниот фудбалер да потпише до јуни 2029 година и да заработува околу 14 милиони евра бруто годишно, што е значително повеќе од неговата сегашна плата во Ливерпул.

Фактот што Дијаз не беше во составот за последниот пријателски натпревар против Милан дополнително ја потврдува претпоставката дека трансферот е близу до официјализација. Медицинските прегледи се очекуваат следната недела.

Минатата сезона Дијаз одигра 50 натпревари за Ливерпул, постигна 17 гола и забележа осум асистенции. Баерн одамна бара ново лево крило, а Ливерпул, кој веќе инвестираше значителни средства ова лето, сега мора да реализира неколку продажби. Англискиот клуб најверојатно ќе го насочи вниманието кон ангажман на Александар Исак од Њукасл, додека Баерн не се откажува од идејата да го донесе и талентираниот Ник Волтемаде од Штутгарт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови