Манчестер Јунајтед ја отвори својата летна турнеја во САД со победа над Вест Хем (2-1) на стадионот „МетЛајф“ во Њујорк – арената која неодамна беше домаќин на финалето на Светското клупско првенство.
Главна фигура на средбата беше Бруно Фернандеш, кој двапати ја затресе мрежата на лондончани.
Португалецот прво реализираше пенал во петтата минута, а потоа, на почетокот од второто полувреме, по додавање од младиот Коби Меино, прецизно погоди од работ на шеснаесетникот.
Во составот на „црвените ѓаволи“ дебитираше и новото засилување Матеус Куња. Вест Хем успеа да намали преку Џерод Боувен во 60. минута, но до крајот не најде начин да израмни.
Во уште еден премиерлигашки пријателски натпревар одигран на американска почва, Борнмут го совлада Евертон со убедливи 3-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













