
Саудискиот клуб Ал-Хилал му понуди 35 милиони евра годишно на шведскиот напаѓач Александар Исак (25), но фудбалерот на Њукасл сака својата кариера да ја продолжи во Ливерпул. Според англиските медиуми, клубот од Саудиска Арабија е решен по секоја цена да го ангажира, нудејќи дополнително и бонуси во висина од околу 16 милиони евра годишно.
Сепак, Исак наводно има една цел – „Енфилд“.
Њукасл, од своја страна, не планира да го продаде за помалку од 170 милиони евра, што би претставувало рекорден трансфер на Островот.
Исак е член на „чавките“ од 2022 година, кога за 70 милиони евра пристигна од Реал Сосиедад. Претходно настапуваше за АИК, Борусија Дортмунд и Вилем Втори, а за шведската репрезентација има 52 настапи и 16 погодоци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Шешко ќе избира меѓу Њукасл и Манчестер Јунајтед

Евро-фудбал
Интер постави ултиматум за трансферот на Лукман
