Connect with us

Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Арсенал официјално го потврди трансферот на Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон. Лондонскиот клуб ќе плати 63 милиони фунти за 27-годишниот напаѓач, кој потпиша договор на пет години.

Ѓокереш доаѓа на „Емирејтс“ со етикета на вистинска гол-машина – за Спортинг постигна импресивни 97 голови на 102 натпревари, што го привлече вниманието на европските гиганти. Сепак, фудбалерот изразил јасна желба да работи под водство на Микел Артета.

Ова е шестото засилување за „топчиите“ во летниот преоден рок, по ангажманите на Мартин Зубименди, Кепа Аризабалага, Кристијан Норгард, Нони Мадуеке и Кристијан Москера.

Со овој трансфер, вкупната сума што Арсенал ја потроши за нови фудбалери достигнува 204 милиони фунти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови