
Килијан Мбапе во сезоната 2025/26 ќе го носи легендарниот дрес со број „10“ во Реал Мадрид, објави пред три дена шпанската „Марка“. По само една сезона во клубот, Французинот ќе ја замени досегашната „деветка“ со бројот кој долго време му припаѓаше на Лука Модриќ, што не е само промена на број, туку и сигнал за нова хиерархија во соблекувалната.
Според истиот извор, бројот „9“ повторно е слободен и ќе чека нов сопственик, а во меѓувреме Реал Мадрид подготвува сериозна маркетиншка кампања. Очекувањата се дека дресовите со „Mbappé 10“ ќе станат еден од најпродаваните спортски производи во историјата.
Цените веќе се познати: стандардната верзија ќе чини 125 евра, а „играчката“ варијанта – 175 евра. Клубот верува дека ќе ја повтори или дури ќе ја надмине магијата од 2009 година кога Кристијано Роналдо пристигна во Мадрид. Тогаш, само во првите два часа беа продадени околу 2000 дресови (15 на минута), што донесе околу 170.000 евра приход, а на крајот од сезоната продажбата надмина еден милион примероци и генерираше повеќе од 100 милиони евра.
Сега, со Мбапе како ново маркетиншко лице, шпанските медиуми предвидуваат дека приходите би можеле да достигнат неколку стотици милиони евра, а некои дури споменуваат и потенцијална заработка која може да се приближи до една милијарда евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
