Ханси Флик, откако минатото лето ја презеде Барселона, веднаш воведе десет строги правила за дисциплина во тимот, а една година подоцна додаде уште едно – поттикнат од ситуација поврзана со Ламин Јамал.
Германскиот стратег минатата сезона јасно стави до знаење дека секој кој ќе прекрши правило ќе биде санкциониран со изоставување од наредниот натпревар. Меѓу постојните правила беа: задолжително пристигнување во тренинг-центарот 90 минути пред тренинг, секојдневна проверка на тежината, обврзувачки заеднички оброци, задолжителен утрински лесен тренинг на денот на натпреварот и колективен престој во хотел по гостувањата наместо враќање дома.
Сега Флик воведе дополнително ограничување: играчите за време на сезоната немаат право да организираат забави без негово одобрување и мора однапред да објаснат за каков настан станува збор. Исто така, од нив се бара поголема дискреција на социјалните мрежи и максимален фокус на фудбалот.
Причината е скандалот околу роденденската забава на Ламин Јамал, која предизвика големо внимание во Шпанија, а Флик сака да спречи слични ситуации. Новото правило ќе важи и за божиќните и новогодишните прослави, при што тренерот ќе инсистира играчите да имаат помалку комерцијални обврски во тој период, за да бидат физички и ментално одморени.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













