Александар Исак, шведскиот напаѓач на Њукасл, размислува за можноста да го напушти клубот. Иако се споменуваше потенцијален трансфер во Ливерпул, англиските медиуми пренесуваат дека Ал-Хилал испратил понуда која финансиски е тешко да се игнорира: 600 илјади фунти неделно (околу 36 милиони годишно), плус дополнителни бонуси за освоени трофеи и постигнати голови.
Ливерпул не може да ги следи овие суми за личните услови на фудбалерот и не е сигурно дали клубот воопшто ќе може да ја плати отштетата за Исак, кој се проценува на приближно 120 милиони фунти. Навивачите на Њукасл генерално би претпочитале тој да замине надвор од Англија, наместо да премине во редовите на директен конкурент од Премиер – лигата.
Ливерпул веќе направи големи трошоци ова лето: 79 милиони фунти за Хуго Екитике и рекордни 116 милиони фунти за Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.
Ал-Хилал, кој минатата сезона беше четвртфиналист на Светското клупско првенство, го предводи Симоне Инзаги. Италијанскиот стратег претходно бараше да биде ангажиран Дарвин Нуњез од Ливерпул, но сега како цел се појавува и Исак.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













