
Навивачите на Арсенал веќе предолго се во неизвесност околу потписот на гол-машината на Спортинг, Виктор Ѓокереш, но изгледа дека од денес можат да здивнат.
Речиси секогаш добро информираниот новинар на „Атлетик“, Дејвид Орнстајн, објави дека Арсенал ги завршил сите детали за трансферот на 27-годишниот напаѓач од Шведска и дека медицинските прегледи се очекуваат веќе утре.
Формулата е следна – „топчиите“ ќе му исплатат на Спортинг 63.500.000 евра веднаш, плус уште 10.000.000 евра во форма на бонуси, додека самиот фудбалер ќе го носи легендарниот дрес со број „14“, што долго време го носеше Тиери Анри – најдобриот стрелец во историјата на клубот.
Ѓокереш летово можеше да избира каде ќе ја продолжи кариерата – во еден момент се вмеша и Манчестер Јунајтед, надевајќи се дека блиската соработка со Рубен Аморим ќе пресуди во нивна полза. Сепак, Швеѓанецот со унгарско потекло од самиот почеток сакаше само во Арсенал, со кој ќе потпише петгодишен договор.
Микел Артета долго време се мачеше без класичен напаѓач, особено по повредата на Габриел Жесус. „Деветката“ играше и Каи Хаверц, но беше јасно дека на овој талентиран тим му е потребен вистински голгетер.
Во Арсенал веруваат дека токму Виктор Ѓокереш е тој – покрај тежината на тоа што доаѓа како скапо засилување, тој го презема и симболично големиот товар со бројот „14“, кој не го избра случајно, откако Жесус не сакаше да се откаже од „деветката“.
По Анри, дресот со број „14“ го носеа Тео Волкот и Пјер-Емерик Обамејанг со променлив успех, но треба да се напомене дека тоа не беа најтрофејните години на клубот од северен Лондон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
