 
																												
														
														
													Арсенал официјално го објави ангажманот на 21-годишниот централен дефанзивец Кристијан Москера од Валенсија.
Младиот стопер, кој има 90 настапи за првиот тим на „лилјаците“, ќе го носи дресот со број „3“ во новиот клуб и веќе се приклучи на тимот за претсезонската турнеја во Азија.
Москера се приклучил на академијата на Валенсија на 12-годишна возраст и минал низ сите младински категории, пред да дебитира за сениорскиот тим во натпревар од Купот на Кралот во јануари 2022 година, кога имаше само 17 години. Неколку дена подоцна дебитирал и во Ла Лига во ремито 1-1 против Севилја на „Месталја“.
Welcome to The Arsenal, Cristhian Mosquera 💫
— Arsenal (@Arsenal) July 24, 2025
Во сезоната 2023/24, Москера официјално беше промовиран во првиот тим на Валенсија и се етаблира како клучен играч во одбраната. Почна како стартер на 37 од 38 натпревари во Ла Лига и ги одигра сите минути од тие натпревари.
Роден во Шпанија, но со колумбиско потекло, Москера има 34 настапи за младите селекции на Шпанија. Тој беше и дел од репрезентацијата која го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз во 2024 година.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
 
																					Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														