Connect with us

Александер Исак поднел барање за трансфер

Напаѓачот на Њукасл, Александар Исак, поднел барање за трансфер, пренесуваат неколку англиски медиуми. Веста доаѓа само неколку часа откако беше објавено дека шведскиот репрезентативец нема да патува со тимот на „чавките“ на претсезонската турнеја во Азија.

Како официјална причина за неговото отсуство, клубот наведе мала повреда на бутниот мускул. Сепак, сè повеќе изгледа дека вистинската причина е сосема поинаква.

Пред неколку дена, Ливерпул испратил покана до Њукасл за преговори околу трансферот на фудбалерот, но првичната понуда била одбиена. Се тврди дека англискиот шампион е подготвен да понуди 120 милиони фунти за Исак, кој минатата сезона постигна 23 гола во Премиер – лигата.

Желбата на Исак е да го напушти „Сент Џејмс Парк“, и покрај тоа што има уште три години од договорот со клубот. Покрај интересот од Ливерпул, за него сериозно се интересираат и клубови од Саудиска Арабија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови