 
																												
														
														
													Челси ја намали бараната цена за Кристофер Нкунку, објави „Атлетик“. Лондонскиот клуб е подготвен да го продаде напаѓачот за 43 милиони фунти, иако во јануари беше проценет на 65 милиони фунти.
Клубови од Премиер – лигата, Серија А и Бундес-лигата покажуваат интерес за францускиот фудбалер, а се чини дека најзагреан е Баерн Минхен, кој бара замена за повредениот Џамал Мусијала.
Кристофер Нкунку одигра 27 натпревари во последната сезона за „сините“, постигнувајќи три гола и забележувајќи две асистенции.
Францускиот репрезентативец, кој има 27 години, претходно настапуваше за Лајпциг и за Пари Сен Жермен.
Пред повеќе од една недела, менаџерот на Челси, Енцо Мареска, се откажа од неговите услуги и го стави на трансфер листа.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
 
																					Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														