
Турскиот репрезентативец и играч за врскана Интер, Хакан Чалханоглу, конечно се огласи по повод шпекулациите околу својата иднина, кои во последните недели беа тема и во Италија и во Турција. Во изјава дадена пред новинарите пред клупската база, Чалханоглу стави крај на гласините дека би можел да се врати во турскиот шампионат, каде се поврзуваше со Галатасарај и со Фенербахче.
„Одморот не ми беше лесен. Се зборуваа многу работи, но јас останав во постојан контакт со клубот. Работев напорно за да се вратам во врвна форма и среќен сум што сум повторно тука со моите соиграчи. Ми недостасуваа“, изјави Чалханоглу.
Играчот од средниот ред посочи дека неговата желба е да остане во Интер и да се бори за нови трофеи со тимот.
„Јас сум играч на Интер и сакам да останам овде. Ќе видиме што ќе се случи во наредните две години, но чувството е одлично и би сакал да потпишам нов договор.“
Чалханоглу ја искоментира и тензијата што се создаде по коментарите на капитенот Лаутаро Мартинез по Светското клупско првенство, кога Аргентинецот индиректно го постави под знак прашалник неговиот престој.
„Сè е расчистено со Лаутаро. Немаме никаков проблем. Во моментот сите сме мирни и подготвени да се бориме заедно. Кога капитенот ќе се врати, само ќе го прегрнеме.“
Со оваа изјава, Чалханоглу практично ги затвори вратите за трансфер летово и јасно даде до знаење дека Интер останува негов дом.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае

Евро-фудбал
Олимпик Марсеј сака да го врати Нејмар во Европа
