 
																												
														
														
													Тренерот на ФЦСБ, Елиас Караламбус, не го криеше разочарувањето на прес-конференцијата по поразот од Шкендија со 1-0 во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите. Тој ја презеде одговорноста за неуспехот и најави дека мора да се направат промени доколку тимот сака да се пласира понатаму.
„Одигравме многу слабо. И во претходното коло загубивме на гости против тимот од Андора, и сега истото ни се повторува. Јасно е дека не сме на потребното ниво. Единствено позитивно е што голманот беше расположен и нè спаси од повисок пораз“, изјави Караламбус, додавајќи:
„Секоја чест за Шкендија, нивната победа е сосема заслужена. Се чувствувам одговорен за резултатот и ќе мора детално да ги анализираме грешките, особено од тактички аспект, за да бидеме подобри во реваншот во Букурешт. Воопшто не го потценивме противникот, напротив, пристапивме мотивирано. Шкендија е сериозна екипа и затоа ќе се подготвиме со максимална посветеност за натпреварот што следува“.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
 
																					Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														