
Сопственикот на ФЦСБ, познатиот по своите контроверзни потези, Џиџи Бекали, повторно се најде во центарот на вниманието поради своето директно мешање во тренерските одлуки. Како што пренесуваат романските медиуми, токму Бекали дал наредба за замените во второто полувреме на натпреварот против Шкендија, заменувајќи ги двајцата капитени – Дариус Олару и Раду Шут.
Замените беа направени во 63. минута, кога наместо нив во игра влегоа Овидиу Периану и Мариус Стефанеску. Сепак, веднаш по нивното излегување, ФЦСБ доживеа пад во ритамот на играта, а само две минути подоцна, Шкендија го постигна единствениот гол на натпреварот. Олару и Шут не го сокрија своето разочарување – двајцата видливо реагираа додека го напуштаа теренот.
Драмата продолжи и додека мечот сè уште траеше – Бекали се појави во живо на романскиот канал „Дигиспорт“ и жестоко ги нападна фудбалерите кои влегоа од клупата, најавувајќи дека ќе бидат исфрлени од тимот.
„Периану и Стефанеску повеќе нема да бидат дел од екипата. Од утре веќе ги нема на списокот за европските натпревари. Наместо нив, ќе ги вклучиме Малком Еџума и Алекс Балута. Овие играчи не го заслужуваат дресот на ФЦСБ“, изјави Бекали пред камерите.
Оваа негова изјава уште еднаш ја потврдува долгогодишната практика на директно влијание врз спортските одлуки на клубот, што често предизвикува внатрешни тензии, нестабилност и поделени мислења меѓу навивачите и фудбалската јавност.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Втора лига
Турски инвеститор ја презеде Брегалница

Евро-фудбал
Тотенхем се вклучува во трката за Родриго

Прва лига
Љамалари ја засили одбраната на Шкупи

Евро-фудбал
Караламбус: Голманот нѐ спаси од поубедлив пораз

Евро-фудбал
Грилиш ќе му се придружи на Де Бруин во Наполи?
