Connect with us

Галатасарај ќе си ја испроба среќата и со понуда за Донарума

Галатасарај подготвува сензационална понуда за голманот на Пари Сен Жермен и италијанската репрезентација, Џанлуиџи Донарума, тврди „TuttoMercatoWeb“. Ова ќе биде нов обид на турскиот шампион да се засили, откако претходно веќе стапил во контакт со голманите на Милан (Мајк Мењан), Интер (Јан Зомер) и Манчестер Сити (Едерсон).

Според извештаи од Италија, новата цел на Галатасарај е Донарума, кому договорот со ПСЖ истекува во јуни 2026 година. Францускиот клуб наводно не е подготвен да го задржи со сегашната плата од 12 милиони евра годишно, поради што постои можност Италијанецот следното лето да го напушти клубот како слободен играч.

Галатасарај верува дека ангажманот на италијанскиот репрезентативец би имал силен ефект, особено по договорот со Наполи вреден 75 милиони евра за напаѓачот Виктор Осимен.

Сепак, останува неизвесно дали Галатасарај ќе успее во оваа намера, поради силната конкуренција. За поранешниот голман на Милан се интересираат и Челси, Интер и Јувентус.

Во минатата сезона Донарума прими 43 гола на 47 натпревари, а на 17 од нив успеа да ја сочува мрежата недопрена. Со ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, Лига 1 и францускиот Куп.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови