
Манчестер Сити сериозно размислува за разделба со својот прв голман Едерсон, пренесуваат медиумите во Англија. Уште минатото лето Бразилецот беше на чекор до трансфер во Саудиска Арабија, но тогаш беше убеден од менаџерот Пеп Гвардиола да остане уште една сезона. Сега, сепак, ситуацијата е поинаква – Гвардиола нема намера повторно по секоја цена да го задржи.
Турскиот шампион Галатасарај веќе испратил прва понуда за Едерсон, но таа била одбиена од „граѓаните“. Се очекува разговорите меѓу двата клуба да продолжат во следните денови, а најновите информации сугерираат дека Бразилецот веќе дал согласност за ваков трансфер.
Во меѓувреме, Сити активно работи на обезбедување потенцијална замена, при што во игра се два главни кандидати. Првиот е Џејмс Трафорд – поранешен голман од академијата на „граѓаните“, кој беше продаден на Барнли за повеќе од 17 милиони евра. Во последните две сезони, Трафорд се етаблира како сигурна опција на голот и веќе беше повикан во репрезентацијата на Англија, иако сè уште нема дебитирано.
Клубот веќе стапил во контакт со него, а Трафорд изразил подготвеност да се врати, под услов да се постигне договор. Манчестер Сити има клаузула за откуп за 40 милиони евра, но ќе се обиде да договори пониска сума.
Втората алтернатива е Диого Кошта од Порто, докажан португалски репрезентативец кој е омилен избор на Гвардиола поради добрата игра со нозе и континуираните квалитетни настапи во португалската лига и во Европа. Сепак, неговата цена од околу 50 милиони евра е значително повисока, што ја прави евентуалната зделка покомплицирана.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Грилиш ќе му се придружи на Де Бруин во Наполи?

Евро-фудбал
Интер подготвува нова понуда за Адемола Лукман

Евро-фудбал
Жоао Феликс се согласил да се врати во Бенфика

Евро-фудбал
Брајан Мбеумо официјално меѓу „црвените ѓаволи“

Евро-фудбал
Луис Дијаз побарал трансфер од Ливерпул
