
Австрискиот репрезентативец и напаѓач со богато интернационално искуство, Марко Арнаутовиќ, денеска беше пречекан како вистински херој во Белград. Навивачите на Црвена звезда му приредија топол дочек, а генералниот директор Звездан Терзиќ лично го донесе на стадионот „Маракана“. Од вечерва, Арнаутовиќ е ново засилување на црвено-белите, со договор што трае до 2027 година. Ќе го носи дресот со број „89“.
Роден на 19 април 1989 година во Виена, Арнаутовиќ ги направи првите фудбалски чекори во младинските категории на Флоридсдорфер, по што настапуваше за Австрија Виена и Рапид. Неговиот талент дојде до израз во холандскиот Твенте, каде што се афирмираше на големата сцена.
Блескавите настапи во Ередивизија му донесоа трансфер во Интер во 2009 година, каде што соработуваше со славниот Жозе Мурињо. Иако беше само на една сезона позајмица, тоа беше почеток на неговата богата интернационална кариера.
Потоа следеше периодот во германскиот Вердер Бремен, каде што стана стандарден член на стартниот состав. Во 2013 година се пресели во англиската Премиер – лига, прво во Стоук Сити, а потоа и во Вест Хем, каде ги одигра едни од најдобрите натпревари во својата кариера.
Од 2019 до 2021 година настапуваше во Кина за тимот Шангај СИПГ, по што се врати во Европа како засилување на Болоња, каде повторно работеше со Синиша Михајловиќ.
Познат по својата физичка моќ, одличната техника и инстинкт за гол, Арнаутовиќ го доби повикот од Интер и стана дел од тимот кој ја освои Серија А.
Сега, со големо искуство и авторитет, пристигнува во Црвена Звезда со јасна мисија – да ја засили офанзивната линија на тимот и да ја врати високо горе на европската мапа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
