 
																												
														
														
													Ливерпул напредува со брзо темпо во разговорите со Ајнтрахт Франкфурт околу трансферот на Хуго Екитике. Од „Енфилд“ веќе испратиле прва официјална понуда, која била одбиена од страна на германскиот клуб, но разговорите помеѓу двете страни продолжуваат со полна сила.
Сè уште не е познато колкава била понудената сума, но се претпоставува дека целиот пакет изнесувал околу 80 милиони евра. Раководството на германскиот клуб ја одбило понудата како пониска од нивните очекувања, но преговорите продолжуваат.
Ситуацијата, сепак, е директно поврзана со евентуалниот развој околу Александар Исак од Њукасл. Клубот од Мерсисајд го гледа токму Швеѓанецот како прв избор за засилување на нападот, но „чавките“ инсистираат дека тој не е на продажба.
Медиумите тврдат дека Њукасл се подготвени да одбијат и понуда од 120 милиони фунти.
Во исто време, Екитике се смета за главен фаворит за замена на Исак, доколку дојде до негова продажба. Сепак, актуелната состојба речиси сигурно ќе го одврати Њукасл од интересот за 23-годишниот Французин.
Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт импресионираше со своите настапи, постигнувајќи 22 голови и 12 асистенции на 48 натпревари за „орлите“.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														