
Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, повторно се соочува со сериозни здравствени дилеми, а според шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, можно е да му претстои нова операција на грбот. Заради проблемите со ‘рбетот, тој не се приклучи на претсезонските подготовки на тимот.
Во текот на крајот на 2023 година, Тер Штеген веќе беше подложен на хируршка интервенција поради дискус-хернија, а претходно, во 2021 година, тој имаше и операција на коленото. Овие здравствени проблеми го извадија од строј поголем дел од минатата сезона, во која се врати на теренот дури во последните три натпревари.
Сè уште не донел конечна одлука за новата интервенција, бидејќи чека дополнителни лекарски консултации.
Интересно, евентуално подолг отсуство на Германецот би можело финансиски да ѝ оди во прилог на Барселона, имајќи ги предвид ограничувањата на финансискиот фер-плеј.
Покрај тоа, ситуацијата на Тер Штеген во клубот станува сѐ понеизвесна. Барселона неодамна го ангажираше голманот на Еспањол, Жоан Гарсија, а тренерот Ханси Флик му соопшти на Германецот дека повеќе нема да биде прва опција меѓу стативите. И покрај тоа, тој засега нема намера да го напушти клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal