
Интер Мајами, предводен од суперѕвездата Лионел Меси, доживеа тежок пораз со 0-3 на гостувањето кај Синсинати во натпревар од регуларниот дел на сезоната во американската МЛС-лига.
Со овој резултат, прекината е победничката серија од пет натпревари на тимот од Мајами, кој сега се наоѓа на петтото место во Источната конференција со 38 освоени поени (11 победи, 5 ремија и 4 порази). На врвот на табелата е Филаделфија Јунион со 46 поени.
Овој натпревар исто така ја прекина и историската серија на Меси во МЛС – тој стана првиот фудбалер во историјата на лигата што постигнал повеќе од еден гол на пет последовни натпревари, но против Синсинати не успеа да се запише во листата на стрелци. Со 16 голови досега, Аргентинецот е на второто место на листата на најдобри стрелци во првенството.
38-годишниот Меси одигра 90 минути осми натпревар по ред, вклучително и четири меча на Светското клупско првенство.
„Нѐ притиснаа уште од самиот почеток“, изјави тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано.
„Она што ме загрижува е тоа што беа подобри од нас од почеток до крај. Мора да се одмориме и потоа со нетрпение го очекуваме следниот натпревар“, додаде Маскерано.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Стив Манданда ја заврши кариерата

Евро-фудбал
Рафиња бесен на Карло Анчелоти

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија
