
Њукасл веќе не е толку решително против продажбата на својот најдобар напаѓач Александар Исак, откриваат британските медиуми. Иако во јуни Швеѓанецот беше категоризиран како „недопирлив“, клубот сега е отворен за можен трансфер – пред сè поради напреднатите преговори за доведување на Хуго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт.
Во Њукасл се сомневаат оти информацијата за понудата од 120 милиони фунти од Ливерпул била намерно протечена во јавноста за да го дестабилизира Исак и да го натера да инсистира на трансфер.
Но, според одредени медиуми, Ливерпул навистина испратил официјална понуда и веќе му подготвил на Исак долгорочен договор до 2030 година, со можност за продолжување до 2031, како и висока лична плата.
Најновите информации од „Спорт Билд“ тврдат дека Александар Исак е силно заинтересиран да прејде на „Енфилд“ и го гледа проектот на Ливерпул како вистински предизвик за следниот чекор во својата кариера.
Ако трансферот сепак не се реализира, Ливерпул е подготвен да се вклучи во трката за Хуго Екитике, за кого Ајнтрахт бара околу 100 милиони евра. Тоа би значело и можна продажба на Дарвин Нуњез, за кого сериозен интерес покажува Ал-Хилал од Саудиска Арабија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шешко не сака да оди во Саудиска Арабија
