
Јувентус успеа да го задржи Франциско Консеисао во својот состав, откако конечно постигна целосен договор со Порто за неговиот трансфер.
Минатото лето, Јувентус го донесе Консеисао на позајмица за 10 милиони евра, со можност за откуп на договорот за 30 милиони евра. Иако клубот од Торино изрази подготвеност да ја плати оваа сума, се воделе долготрајни разговори околу начинот на плаќање. По интензивни преговори, Порто прифатил понудата сумата да се исплати во четири рати, со што е отворен патот за негово останување во клубот.
Консеисао стана незаменлив дел од тимот по доаѓањето на тренерот Игор Тудор, кој беше клучниот фактор во одлуката на раководството да го задржи португалскиот фудбалер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шешко не сака да оди во Саудиска Арабија

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид се фокусира на Адемола Лукман

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа
