
Славниот Роналдо Назарио да Лима, познат како „Ел Феномено“, го избра својот наследник – и изненади со изборот на играч кој, според него, најмногу го потсетува на неговиот стил на игра.
Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, Роналдо Назарио, дебитираше во сениорска конкуренција како тинејџер во Крузеиро во 1993 година. Веќе следната година, по освојувањето на Светското првенство со Бразил во 1994, се пресели во Европа и се приклучи на ПСВ Ајндховен, каде брзо ги покажа своите неверојатни способности на големата сцена.

По две години во Холандија, Барселона во 1996 година го донесе во своите редови за тогаш рекорден трансфер. И покрај тоа што имаше само 20 години, Роналдо веќе се сметаше за еден од најдобрите играчи во светот и за потенцијален наследник на имиња како Кројф, Марадона и Пеле.
Иако Барселона е и останува еден од најголемите клубови во светот, Роналдо одигра само една сезона таму. Во 1997 година постави нов светски рекорд со трансферот во Интер, а истата година стана и најмладиот добитник на Златната топка во историјата.
За жал, токму во периодот во Интер започнаа и неговите проблеми со повредите. Својата последна голема круна ја освои во 2002 година, кога со Бразил стана светски првак и ја освои својата втора „Златна топка“.
Подоцна играше за Реал Мадрид, Милан и Коринтијанс, пред да ја заврши кариерата во 2011 година, откако телото веќе не можеше да издржи на високо ниво.
Во изминатите години многу фудбалери биле споредувани со Роналдо, но интересно е што тој лично како свој наследник го посочил – Маркус Рашфорд.
„Тој е многу добар млад играч. Дефинитивно гледам нешто од себе во него – храбар е, брз и многу добар со топката“, изјави Роналдо пред неколку години.
„Мислам дека напаѓачите мора да бидат гладни за голови, а тоа го гледам кај него. Има неверојатна иднина.“
Сепак, денес работите не одат најдобро за Рашфорд. Тој речиси е „истуркан“ од Манчестер Јунајтед, а минатата сезона настапуваше за Астон Вила.
Рашфорд, кој може да игра и како централен напаѓач и како крилен играч, има само 27 години и теоретски влегува во своите најдобри фудбалски години.
Англиски репрезентативец од 2016 година, Рашфорд покажал дека навистина го има потенцијалот за кој зборуваше Роналдо. Но, очигледно е – тој мора да игра во тим кој ќе му овозможи постојана минутажа, за да може да го покаже својот вистински квалитет.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа

Прва лига
Пелистер го доведе Марјан Ристовски

Евро-фудбал
Челси не се откажува од трансферот на Гарначо
